Извршниот одбор на СДСМ вчера донесе одлука и иницираше постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството на СДСМ.
-Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре. Сега на сите им е јасно дека станува збор за „платформа за рушење на СДСМ“, велат од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите.
Петре Шилегов за одлуката на СДСМ дозна во емисија во живо.
-„Утре ќе го имам коментарот, од должна почит кон луѓето кои го загубија животот на денешен ден. Не мислам дека сега е моментот политички, а имам што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица и парите што така лесно ги имаат заработено во изминатиот период“, рече Шилегов при гостувањето во живо од Кочани на 4ТВ.
Инаку, Шилегов беше градоначалник на Скопје, како и пратеник од редовите на СДСМ. Во партијата беше и потпретседател и член на Извршниот одбор.


