Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шест лица се затруле со храна во кумановски ресторан, пријавена епидемија

    Шест лица се затруле со храна во кумановски ресторан, пријавена епидемија

    19.09.2025 во 12:302 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Центарот за јавно здравје Куманово (ЦЈЗ) соопшти дека вчера е пријавена епидемија на труење со храна кај шест лица кои присуствувале на семинар-обука на 11 септември во ресторан во Куманово.

    Од вкупно 36 учесници на семинарот, шест лица развиле симптоми на труење  со храна – повраќање, дијареја, треска, температура до 41 степен, болки и грчеви во стомак. Двајца од нив се хоспитализирани, тројца се на дневна болница, а еден е на домашно лекување.

    -Вчера, Одделение за епидемиологија при ЦЈЗ Куманово пријави епидемија на „алиментарна токсоинфекција“ за шест пријавени – заболени со знаци на труење со храна од вкупно 36 експонирани лица. Се работи за учесници на семинар-обука организирана од една фирма во еден ресторан во Куманово. По консумирање на храната во надворешниот простор на гостилницата во вечерните часови на 11-ти септември годинава, заболените симптомите на труење со храна ги развивале по четири, па сè до 16 часа со обилни повраќања, зачестени водникави столици на секои 10,15 или 20 минути, малаксаност, температура до 41 степен, треска, болки и грчеви во стомак, главоболка, соопштија од ЦЈЗ Куманово.

    Епидемиолог на ЦЈЗ Куманово и подрачните единици Куманово на ДСЗИ и АХВ на 15-септември, годинава по добивање на првите пријави за заболени со знаци на труење со храна направиле координиран надзор во гостилницата и зеле брисови и мостри храна за микробиолошко испитување.

    -Преземени се сите хигиено-епидемиолошки соодветни противепидемиски мерки. Објектот е затворен до добивање на негативни резултати на испитуваните материјали, соопштија од ЦЈЗ Куманово.

    Епидемиолошката состојба се следи.

    Featured
    Прочитај повеќе

    Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата

    06.10.2026 во 15:31

    Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи

    06.10.2026 во 14:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.