Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    Ловочуварот го затекнал со усмртено животно за време на ловостој: Приведен 56-годишен неготинец

    25.08.2026 во 14:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шест активни пожари во моментов

    Шест активни пожари во моментов

    16.08.2026 во 14:105 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на вчерашниот ден беше навистина тешка, имавме 29 пожари. Од нив, 22 се целосно изгаснати благодарение на брзата реакција и силната пожртвуваност на локалните пожарникари, каде што се развиваа овие пожари. Еден е ставен под контрола, додека шест се активни во моментов, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на видео објавено на Јутјуб.

    – ​На пожарот на територијата на Македонски Брод, во атарот на село Драгов Дол, денеска користиме специјална техника, односно непосредно до пожарот наместивме голем импровизиран базен од којшто хеликоптерот ќе полни вода и ќе може да фрла врз блискиот оган со кратки циклуси, значи на 4-5 минути ќе имаме едно фрлање на вода, со што значително ќе помогне на локалните пожарникари и на тимот за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување, составен од 25 доброволни пожарникари и пет оперативци на Дирекцијата, кои во суштина претставуваат специјален модел за гаснење на шумски пожар. Истите имаат завршено повеќе обуки од овој тип и пролетта ги испратив на специјална обука во Словенија – соопшти Ангелов.

    Тој рече дека очекува во текот на денот целосно да го изгаснат овој пожар.

    -​ Следниот пожар се наоѓа на територијата на општина Крушево, атар на село Борино и село Житоше. Рано утрово таму упатив тим за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување, составен од 20 доброволни пожарникари од Доброволното друштво „Свети Архангел“ од Битола. Резултатите се изворедни. Исто како и изминатите денови изгаснаа неколку пожари и денес овој пожар е пред целосна ликвидација. Очекувам некаде до пладне да биде воспоставена целосна контрола врз него, потоа да се изврши проверка и истиот да биде целосно изгаснат, со што нема да ги загрозува селата – додаде Ангелов.

    ​Пожарот што повеќе денови е на територијата на општина Студеничани, во атарот на село Рамни Габер, бил, исто така, сè уште активен.

    – Тој не ја зголемува својата динамика, но, се движи по тешко пристапен, а на делови тотално непристапен терен, поради што во текот на денот врз него најверојатно ќе делуваме со ер-тракторите. Сè зависи да не се појави некој друг висок приоритет – посочи Ангелов.

    ​Четвртиот пожар, на територијата на општина Велес, веќе навлегувал и во подрачјето на Зелениково.

    – Од велешка страна е во атарот на село Слп, додека од страна на Зелениково се наоѓа, се движи кон селата Добрино и Тисовица. Гори ниска вегетација, неквалитетна шума и габер. Велешките пожарникари макотрпно ќе продолжат да работат и денес, по потреба ќе добијат и воздушна поддршка. Нагласувам дека теренот, исто така, е исклучително негостољубив и непристапен за гаснење од земја – истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

    ​На територијата на општина Јагуновце, над селото Копанце, сè уште бил активен пожарот што гори неколку дена.

    – Гори мешана шума, претежно неквалитетна шума, трње, грмушки и трева. Всушност, тоа го има во моето, вчера објавено, видео. Овде ќе дејствуваме со ер-тракторите на Дирекцијата за да спречиме барем еден негов крак – најави Ангелов.

    Тој рече дека оптимист е оти пожарот, како што појасни, благовремено ќе биде ставен под целосна контрола и нема да може да загрози ниту едно од блиските села.

    – На територијата на општина Крива Паланка имаме пожар во атарот на село Конопница и тоа се активните пожари во овој момент. Во наредниот период очекувано е да се појават и други пожари на отворен простор, но, за да се појават што помалку или можеби да не се појави ниту еден, повторно апелирам до сите македонски граѓани – ве молам, внимавајте, доволна е само искра за вистинска катастрофа – алармираше Ангелов.

    Тој рече дека катастрофа била избегната синоќа во Зелениково.

    – Притоа, таа катастрофа не мора да биде национална катастрофа – но, ако некому му изгори куќата во којашто живее, ако некому му изгори викендица којашто му е драга – којашто му е во наследство, за нив тоа ќе претставува вистинска катастрофа. ​Ваква катастрофа беше избегната синоќа во Зелениково. Пожарот којшто изби околу два часот по полноќ, за којшто веднаш бев известен и набргу потоа стигнав на лице место, се закануваше на повеќе куќи од последниот ред на ридот во Зелениково. Благодарение на локалните жители коишто прскале со вода, ги исекле грмушките и облиските дрвја, веднаш потоа пристигнал градоначалникот, возејќи го противпожарното возило на општината, со него заедно пристигнале и доброволни пожарникари од Зелениково, овој пожар е ставен под контрола и набргу потоа изгаснат. Веднаш потоа пристигнала и скопската екипа од професионални пожарникари. Сите заедно го зададоа последниот удар на овој пожар. ​Но, овој пожар го проценувам за исклучително опасен, злонамерно подметнат во непосредна близина на последните куќи. Исклучувам можност случајно да настанал бидејќи во сред ноќ, во два часот по полноќ, нормален човек на тоа место нема што да бара и не се движи. Висока трева, грмушки и трње, затоа повеќе од сигурно сум убеден дека овој пожар е предизвикан намерно. МВР работи на откривање на причинителите, односно сторителите – додаде Ангелов во видео изјавата објавена на Јутјуб. 

    Прочитај повеќе

    Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта

    25.08.2026 во 22:42

    Дата-центри во Македонија: Дигитална шанса или нов товар за струјата и водата?

    25.08.2026 во 22:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.