Close Menu
Press24
    Најново

    Се натовариле со дрва – Македонската полиција ги фати на дело

    30.10.2026 во 11:18

    ФОТО: Сообраќајка пред Собрание – Се искршија мотор и такси возило

    30.10.2026 во 11:16

    Од 1 мај со авион од Скопје до Тиват – Директна линија двапати неделно

    30.10.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се натовариле со дрва – Македонската полиција ги фати на дело
    • ФОТО: Сообраќајка пред Собрание – Се искршија мотор и такси возило
    • Од 1 мај со авион од Скопје до Тиват – Директна линија двапати неделно
    • МВР го уапси и Билал Кара – Сопственикот на „Санте Плус“
    • Жената што си го отру семејството со печурки осудена на доживотен затвор во Австралија
    • ВИДЕО: Вода од плафоните и бучно греење – Студентите со нови проблеми во реновираниот „Стив Наумов“
    • Коалицијата на Нетанјаху победи на изборите во Израел, но без мнозинство во Кнесетот
    • МВР во акциска контрола: Преоптоварени и неисправни камиони на патиштата низ Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шенген проблеми: Над 50 српски возачи вратени од ЕУ

    Шенген проблеми: Над 50 српски возачи вратени од ЕУ

    28.08.2026 во 09:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Повеќе од 50 професионални возачи од Србија биле вратени од границите на Шенген-зоната само во последната недела поради правилото според кое државјани од земји надвор од ЕУ можат да престојуваат најмногу 90 дена во период од 180 дена. Податокот го соопшти српското здружение „Меѓународен транспорт“.

    Од здружението предупредуваат дека дел од возачите од Западен Балкан, покрај враќање од граница, се соочуваат и со задржувања, депортации и забрани за повторен влез доколку го надминат дозволениот престој.

    Проблемот ги засега и македонските професионални возачи, бидејќи правилото 90/180 важи и за нив. Фактот што во Шенген престојуваат поради работа и меѓународен транспорт засега не ги ослободува од ограничувањето што важи за државјани од трети земји.

    Транспортните компании оценуваат дека ваквиот режим е тешко применлив во нивната професија, бидејќи возачите редовно влегуваат и излегуваат од земјите на Европската Унија и голем дел од работното време го поминуваат токму на европските патишта.

    Иако проблемот со професионалните возачи од земји што не се членки на ЕУ е веќе препознаен и во европските документи, конкретен исклучок од правилото 90/180 сè уште не е воведен.

    Поради тоа превозниците од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора најавија заеднички протести. На 31 август се планирани мирни собири пред делегациите на Европската Унија во четирите земји, а доколку не биде постигнато решение, од 14 септември се најавуваат и протести и блокади на граничните премини кон ЕУ.

    Превозниците бараат професионалните возачи да бидат третирани како посебна категорија и времето што го поминуваат во Шенген при извршување транспорт да не се пресметува на ист начин како туристички или приватен престој.

    Проблемот е особено чувствителен за транспортните компании од Западен Балкан, бидејќи голем дел од нивниот меѓународен превоз се одвива кон или низ земјите од Европската Унија, па ограничувањето директно може да влијае врз организацијата на транспортот, расположливоста на возачи и трошоците на компаниите.

    Прочитај повеќе

    Воен хеликоптер се урна кај Брчко, загинаа четири лица

    30.10.2026 во 09:51

    Земјотрес ја погоди Србија

    29.10.2026 во 22:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.