Шефот на протокол на МНР поднел оставка по гафот со словачкото знаме пред словенечката министерка
Пред неколку недели во посета на Македонија пристигна словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон, но на масата на Бујар Османи наместо знамето на Словенија се најде знамето на Словачка.
Османи во емисијата „24 анализа“ кажа дека се случуваат грешки, а шефот на протокол на МНР поднел оставка по гафот.
„Тоа беше едно од 10 знамиња и кога имате интензивна агенда се прават грешки. Директорот поднесе оставка, иако немаше директна одговорност, а истата ја прифатив“, вели Османи.
31.10.2022 - 23:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа