Шаќири: Срамота - Гаши сака да ја разреши Даути за да помине законот за бранители
Екс министерот за образование и наука, Јетон Шаќири на социјалната мрежа Фејбсук ја објави веста дека собранискиот спикер Африм Гаши како што напиша, сакал да ја разреши пратеничката на Европскиот фронт, Илира Даути со тоа што одлучил да ја процесуира интерпелацијата против неа, на иницијатива поднесена од Левица.
„Африм Гаши одлучи да ја процесуира интерпелацијата против пратеничката на Европскиот фронт, Илира Даути, поддржувајќи ја иницијативата на Левица и „Бранители“. Целта е да се разреши од функцијата претседател на Комисијата за социјална политика, чекор што ќе овозможи одобрување на законот за „бранители“. Оваа акција е отворен удар за напорите на г. Даути за еднаквоста и правата на Албанците. Африм Гаши, кој своевремено се бореше за државјанство на Албанците заедно со г. Даути, денешниот ден е усогласен со оние кои ги поткопуваат нашите права. Бараме Гаши веднаш да се повлече од оваа акција и да не ја става интерпелацијата на дневен ред. Секоја друга одлука би била на штета на Албанците и срамен чин на претседател на собрание“, стои во објвата на Шаќири.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа