Шакира дозна дека Пике имал афера 10 месеци пред нивната разделба

 

Шакира наводно е психички скршена кога видела дека новата девојка на нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике се појавува во видеоинтервју што тој го направил од нивниот семеен дом кога тие сè уште биле заедно.

Инсајдер за „Пејџ сикс“ изјави во понеделникот дека поранешната двојка сè уште била заедно кога било снимено видеото.

Во новооткриениот видеоклип од август 2021 година новата девојка на шпанскиот фудбалер, Клара Чиа Марти (23), е во заднина на интервјуто преку „Зум“ што тој го направи за „Твич“ од својот дом во Барселона додека Шакира (45) била во странство со нивните две деца.

Снимено е 10 месеци пред пејачката да објави дека се разделила од партнерот со кого живееше 11 години. Шпанскиот дефанзивец (35) потоа јавно се огласи за врската со Клара.

„Пејџ сикс“ цитира извор дека Шакира била уништена кога дознала дека девојката очигледно се чувствува како дома во куќата што ја делеле со своите деца.

„Во тоа време Жерар и Шакира беа уште заедно и навидум беа среќни“, додава изворот.

„Поразително е за неа да дознае дека оваа афера траела многу подолго отколку што таа мислела“.

Латинодивата и шпанскиот фудбалер беа заедно 11 години.

 
10.01.2023 - 23:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега