Шеесет и едно годишна жена од скопско пријавила во полиција дека во семејниот дом била физички нападната од својот син, кој при нападот користел и тврд предмет.
Ова е само еден од серијата инциденти регистрирани во изминатото деноноќие. За семејно насилство интервенирала полицијата и на подрачјето на Бит Пазар, каде е лишен од слобода 26-годишен скопјанец. Тој е приведен откако неговата партнерка пријавила дека околу 15:00 часот физички ја нападнал.
Насилство со употреба на тврди предмети е регистрирано и рано утрово во Сарај. Во 04:00 часот, 34-годишен жител пријавил дека половина час претходно бил нападнат од лице од селото Љубин.
Полицискиот билтен бележи и инциденти на јавни места. Во Кисела Вода 66-годишник бил нападнат во казино, во Гази Баба 33-годишен арачиновец бил претепан пред угостителски објект, а во Карпош е регистриран напад по претходна расправија.
Полицијата информира дека за сите случаи се преземаат мерки за утврдување на фактите и идентификација на сторителите.

