Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Серафимовски: Постигнат договор за откупната цена на ајварската пиперка 

    Серафимовски: Постигнат договор за откупната цена на ајварската пиперка 

    11.08.2026 во 15:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес од Струмица соопшти дека е постигнат договор меѓу земјоделците, откупувачите и преработувачите за откупната цена на ајварската пиперка.

    Според договореното, ајварската пиперка ќе се откупува по цена од 40 денари за прва класа, 30 денари за прва-втора класа и за индустриска класа, и 15 денари за пиперка класифицирана како најниска класа. Новите цени ќе почнат да се применуваат од утре, по известувањето на откупните центри од страна на преработувачите.

    „Како ресорен министер и претставник на Владата, сакам да ја уверам јавноста дека секогаш сме на страната на земјоделците. Сметаме дека нивниот труд и квалитетот на производите што ги нудат треба да бидат соодветно вреднувани и платени“, изјави министерот Серафимовски.

    Тој информираше дека договорот е резултат на повеќедневни средби и разговори со земјоделците, откупувачите и преработувачите. Во процесот беше вклучена и Македонската асоцијација на преработувачи, а на состаноците беа разгледани сите расположливи информации, состојбите на теренот и ставовите на засегнатите страни.

    „Процесот беше макотрпен, но дојдовме до заедничко решение за цената на пиперката. Земјоделците заслужуваат вложениот труд да им биде вреднуван и навремено исплатен по завршувањето на бербата“, нагласи министерот Серафимовски.

    Тој  упати апел до преработувачите и откупувачите доследно да ги почитуваат преземените обврски и правилно да ја класифицираат пиперката. Производителите, како што посочи, треба да добиваат точни информации за утврдениот квалитет и за откупната цена што им следува.

    Истовремено, министерот ги повика земјоделците правилно да го пријавуваат и предаваат својот род во откупните центри, во согласност со утврдените класификации.

    „Цената мора да се утврдува врз основа на квалитетот што го нудат производителите. Квалитетот треба да биде оценет според јасни критериуми, а земјоделците да ја добијат соодветната договорена цена“, додаде министерот Серафимовски.

    Во процесот беа вклучени и градоначалниците на општините Струмица и Босилово, со кои Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство одржуваше континуирана комуникација за поддршка на земјоделците и изнаоѓање прифатливо решение.

    Министерот Серафимовски најави дека по завршувањето на бербата, во текот на октомври и ноември, ќе продолжат разговорите со сите засегнати страни за воспоставување трајни системски решенија. 

    Тие треба да опфатат единствена методологија за класификација на пиперката, прецизни рокови за исплата на предадените производи и дополнителна сигурност за земјоделското производство.

    „Овие состојби не треба да се повторуваат секоја година. Потребни се законски и системски решенија со кои земјоделците ќе имаат сигурност во производството, откупот и исплатата“, истакна министерот Серафимовски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.