Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сеноќно бдение во Бигорски за празникот на иконата „Достојно ест“

    Сеноќно бдение во Бигорски за празникот на иконата „Достојно ест“

    23.06.2026 во 09:382 Mins Read
    Бигорски манастир
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Свештената бигорска Обител и оваа година традиционално ќе го одбележи празникот посветен на Пресвета Богородица, во чест на нејзината чудотворна икона „Достојно ест“, која во манастирот пристигнала кратко по пожарот на 30 септември 2009 година, кога беше зафатен и Горни Палат.

    На 23 јуни (вторник) 2026 година, во Бигорскиот манастир во 21 часот ќе започне сеноќно бдение во чест на празникот и во спомен на иконата „Достојно ест“. Од манастирот информираат дека сите верници кои сакаат молитвено да учествуваат се добредојдени на духовната свеченост.

    Како што истакнува архимандрит Кирил, копијата од иконата во манастирот пристигнала во 2009 година како духовна утеха по големото искушение со пожарот.

    -Со тоа Богомајката им покажа на своите чеда монаси дека е со нив и во најтешките мигови, давајќи им сила и утеха за духовна борба. Благодарното монашко срце со години ја изразува својата верност преку сеноќни бденија и славословија во чест на Царицата и нејзината икона „Достојно ест“. Така и сега, со љубов и вера, ќе се соберат верниците во Бигорскиот манастир на духовна средба со Мајката на животот, во чии прегратки исчезнуваат тагата и неволјата – изјави за МИА архимандрит Кирил.

    Според црковниот календар и преданието, на 24 јуни се празнува иконата „Достојно ест“ во спомен на чудото што се случило пред неа во времето на патријархот Никола Хрисоверг (983–996).

    Во Бигорскиот манастир традиционално се очекува голем број верници кои ќе присуствуваат на одбележувањето на празникот посветен на иконата „Достојно ест“.

    Just In
    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.