Семејна куќа изгоре во Младо Нагоричане, пожарникарите се бореа со огнот до зори
Семејна куќа била опожарена ноќеска во Младо Нагоричане, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
Кумановските и пожарникарите Старо Нагоричане со три возила и осум пожарникари го изгасиле пожарот во кој е предизвикана материјална штета. Пожарот бил пријавен прво во ТППЕ Куманово, на терен се упатиле едно возило со петмина пожарникари. По еден час во интервенцијата се приклучиле и две возила на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане со тројца пожарникари.
Пожарот бил изгаснат во 02:25 часот.
-Причината за пожарот и материјалната штета допрва ќе се утврдуваат, информираат од РЦУК Куманово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа