Полицијата во Македонска Каменица лишила од слобода 23-годишна жена по пријава за семејно насилство во кое бил употребен и нож.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен вчера во 21:35 часот. На настанот му претходела расправија меѓу жената и нејзиниот сопруг.

Потоа, според пријавеното, 23-годишната жена физички ја нападнала својата свекрва, а кон свекорот фрлила нож и го погодила во ногата.

Во продолжение на инцидентот, свекорот ја удрил жената со тврд предмет.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Exit mobile version