Села и Гаши сами ќе настапат во првиот круг на локалните избори

 

Алтернатива и Алијанса за Албанците на Африм Гаши и Зијадин Села во првиот круг на локалните избори ќе излезе сама, а за вториот дополнително ќе одлучи.

Ова вчера во гостувањето на тв 21 го истакна пратеникот Алтернатива, Скендер Реџепи.

Kоалицијата АА-ААА на Зијадин Села и Африм Гаши во првиот круг од локалните избори ќе излезе сама, а за вториот круг дополнително ќе одлучи, истакна пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи.

-Зборуваме за првиот круг, коалицијата АА-ААА ќе излезе сама. Се уште не е донесена конечна одлука, но врз основа на разговорите кои ги имавме во рамките на парламентарната група и заедничките партиски органи, е сами да излеземе во првиот круг, а во вториот круг ќе го разгледаме заедничкиот интерес на изборната програма – рече Реџепи на ТВ 21.

Претходно, албанската опозиција навестуваше дека можна е соработка со ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот круг, но, според изјавата на Реџепи, ваквата соработка е можна само во вториот круг кога ќе се бираат градоначалници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.05.2021 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега