Close Menu
Press24
    Најново

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Седум случаи на семејно насилство за 24 часа: Четири лица лишени од слобода

    Седум случаи на семејно насилство за 24 часа: Четири лица лишени од слобода

    04.04.2026 во 14:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Полицискиот билтен за изминатото деноноќие (3 и 4 април) бележи загрижувачки број на пријави за семејно насилство. Министерството за внатрешни работи регистрирало дури седум одделни случаи во четири различни градови низ државата – Куманово, Тетово, Скопје и Кичево. Од пријавените инциденти, четири лица се веќе лишени од слобода.

    Во Тетово, полицијата интервенирала двапати во текот на вечерта. Најпрво, околу 21:30 часот, 31-годишна тетовчанка пријавила физички напад од нејзиниот врсник и сопруг И.М., кој веднаш бил приведен. Нешто подоцна, во 23:00 часот, 23-годишна девојка пријавила психичко и физичко малтретирање во семејниот дом од нејзиниот невенчан сопруг Ф.Р. (23), по што и тој завршил во полициска станица.

    Идентичен епилог имало и во Куманово и Кичево. Во кумановско е уапсен 32-годишниот М.М. поради подолготрајно физичко малтретирање и закани кон неговата сопруга. Во Кичево, пак, ноќеска во 02:45 часот слободата му е одземена на Е.Б. (44), откако неговата 41-годишна сопруга пријавила дека претходната вечер била физички нападната во нивниот дом.

    Во Скопје се регистрирани три поспецифични случаи. Во Центар, 38-годишниот А.С. агресивно се однесувал кон својата 57-годишна партнерка и нејзината мајка, за што е повикан на службен разговор. Во Шуто Оризари, малолетник пријавил дека бил физички нападнат од Р.Н., кој му бил назначен како згрижувач од Центарот за социјални работи. Во Ѓорче Петров, пак, 64-годишен маж конечно пријавил дека пред неколку месеци (во јануари) бил тепан од неговиот 34-годишен син.

    Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите седум случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Прочитај повеќе

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.