Седум мајки и седум деца се хоспитализирани во болницата во Козле поради коронавирусот

Министерството за здравство информира денеска информираше дека во последните 24 часа се направени 1674 тестирања, а регистрирани се 186 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-56, Куманово-16, Штип-8, Прилеп-7, Тетово-10, Струга-6, Велес-1, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-4, Гостивар-18, Гевгелија-5, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-17, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Валандово-1, Делчево-4, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 4 деца и 4 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 34 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 155, позитивни и сомнителни на ковид-19. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2020 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега