Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Седум активни пожари – ЦУК информира каде гори и каква е состојбата

    Седум активни пожари – ЦУК информира каде гори и каква е состојбата

    31.08.2026 во 08:312 Mins Read
    ЦУК
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во изминатите 24 часа на територијата на земјава се регистрирани вкупно 24 пожари на отворен простор. Од нив, седум сè уште се активни, еден е ставен под контрола, додека 16 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Според последните информации, заклучно со 7:30 часот, активни се пожарите меѓу селата Бела Црква и Подмочани во Општина Ресен, каде гори борова шума и ниска вегетација, како и на потегот меѓу Копаница и Радуша во Општина Сарај, каде е зафатена нискостеблеста шума и ниска вегетација.

    Пожари сè уште има и над селото Палиград во Општина Зелениково, над селото Нежилово, на месноста Сватови во Општина Чашка, во близина на селото Урвич во Општина Боговиње, кај селото Градец во Општина Врапчиште и кај селото Драгов Дол во Општина Македонски Брод.

    Пожарот кој се шири од реонот на селото Трново во Општина Гостивар кон селата Битово, Заград и Страјане во Општина Македонски Брод е ставен под контрола. Таму биле зафатени нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.

    Во истиот период, пожарникарите изгаснале уште 16 пожари на отворен простор во повеќе делови од земјава. Пожари биле регистрирани и во општините Илинден, Ѓорче Петров, Прилеп, Долнени, Ресен, Богданци, Струга, Делчево, Старо Нагоричане, Јегуновце, Тетово, Брвеница, Врапчиште и Маврово-Ростуше.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.