Се заканувал со повеќекратни убиства: Кај тинејџер во Црна Гора пронајдени 20 парчиња оружје
17-годишен тинејџер е уапсен бидејќи на адресата на средното електротехничко училиште во Подгорица на 15 март испратил мејл со закана за повеќекратни убиства.
Полицијата извршила претрес во неговиот стан, каде биле пронајдени 20 оружја „ерсофт“ (реплики на оригиналното оружје), од кои две се предмет на кривично дело.
Од малолетникот биле одземени и компјутер и мобилен телефон. По наредба на државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Подгорица, тинејџерот е лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело предизвикување паника и неред.
Службеници на полициската управа ќе поднесат прекршочна пријава за занемарување на дете против А.С., татко на осомничениот малолетник.
„Имајќи ги предвид континуираните настани, во кои мета на киберактивности беа, меѓу другото, образовните институции, ја информираме јавноста дека службениците на Полициската управа континуирано ќе ја продолжат истрагата за овие криминални активности со посебен фокус и внимание, преку расположливите капацитети, со цел заштита на општествената заедница“, соопшти црногорската полиција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа