Се уште нема подетални информации за апсењето на Бојко Борисов

Поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов и уште неколкумина негови соработници вчеравечер се приведени поради сомнеж за корупција во заедничка акција на бугарската полиција и европското обвинителство, а МВР се уште не дава информации околу апсењето.

Според бугарските медиуми, приведени се и министерот за финансии во владата на Борисов, Владислав Горанов, поранешната шефица на Комисијата за буџет во бугарскиот парламент, Менда Стојанова и портпаролката на Борисов, Севдалина Арнаудова.

Како што наведуваат софиските медиуми, тие се приведени во рамките на истрага која што се води за 120 случаи за наводна злоупотреба на европски пари во Бугарија во областа на земјоделството, градежништвото и јавните набавки. 

Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера се огласи со објава на Фејсбук и порача: „Никој не е над законот”. 

 
18.03.2022 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега