Руски воен транспортен авион „Антонов Ан-22“ се урна денеска во северниот регион Иваново, соопшти руското Министерство за одбрана.

Министерството информираше дека во авионот имало седум лица. Дневниот весник „Комерсант“ објави дека сите патници загинале во несреќата. Во моментов, во ненаселеното подрачје е во тек операција за пребарување и спасување.

Министерството за одбрана соопшти дека авионот се урнал за време на редовен лет, откако претходно биле извршени поправки.

Авионот „Антонов Ан-22“ е развиен во советската ера, во 1960-те години, и се користел за транспорт на голем воздушен товар и падобрански операции. Според медиумските извештаи, ова бил последниот авион од овој тип што го користела руската војска.

Exit mobile version