Се урна грчки борбен авион

 

Грчкиот борбен авион „Ф-16 блок 52“ денеска се урна во близина на островот Псатура во централниот дел на Егејското Море, а пилотот е спасен – објави атинската „РТВ СКАИ“.

Медиумот објави дека пилотот успеал да го активира системот за исфрлање и паднал со падобран во морето.

Генералштабот на воздухопловните сили потврди дека едноседниот авион од базата на борбени авиони во Лариса, во централна Грција, полетал на тренинг лет во формација со други авиони и се урнал предпладне.

Во операцијата за пребарување и спасување на пилотот додека не беше пронајден и подигнат од морето час и половина подоцна, учествуваа хеликоптерот „Супер Пума“ на воздухопловните сили, хеликоптерот С-70 на морнарицата и противпожарниот CL-415.

21.03.2024 - 09:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа