Се стресе цел Балкан: Силен земјотрес утрово во Црна Гора
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја потресе територијата на Црна Гора за четири часа и шест минути, а тресењето на земјата е почувствувано и во Србија, како и во Босна и Херцеговина.
По првиот земјотрес следеа низа послаби земјотреси кои се уште ги регистрираат апаратите на сеизмолозите.
Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора соопшти дека епицентарот бил на пет километри од градот Чараѓе во општина Плужине. Eпицентарот беше на длабочина од 14 километри.
Нема информации за предизвикани штети.
14.03.2024 - 09:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа