Бројот на потврдени случаи на зараза со опасниот хантавирус поврзани со луксузниот крузер „МВ Хондиус“ се искачи на 13, соопшти денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој преку официјално соопштение на социјалната мрежа Икс објави дека Шпанија пријавила нов случај меѓу патниците кои се наоѓаат во строг карантин, со што вкупниот биланс достигна 13 заразени лица.

Состојбата е сериозна бидејќи вирусот веќе однесе и човечки жртви.

„Според досегашните информации, меѓу заразените има и три починати лица, но од 2 мај наваму не се регистрирани нови смртни случаи.“

Гебрејесус наведе дека ситуацијата во моментов останува стабилна, а сите заболени патници добиваат соодветна медицинска нега во изолирани услови.

Евакуацијата на бродот е целосно завршена. Во изминатите две недели, сите преостанати патници, членови на екипажот и медицинскиот персонал комплетно го напуштиле луксузниот крузер на кој изби оваа ненадејна епидемија.

Exit mobile version