Двајца тинејџери – 16-годишно момче и 15-годишно девојче – се уапсени во Франција под сомнение дека брутално го задавиле малите Тео (11), чие безживотно тело беше пронајдено во грмушки во градот Рен.

Обвинителот на Рен, Фредерик Тајлер, ја згрози јавноста откривајќи го мотивот за ова свирепо убиство: двајцата малолетници признале дека го убиле детето за „одмазда“, за да си ја вратат назад рибарската опрема вредна само неколку десетици евра.

Телото на кутрото момче било пронајдено во неделата во грмушки, во близина на реката каде што отишол да лови риба.

„Младата жртва е пронајдена свиткана во грмушка, со влажен пешкир за бањање многу цврсто врзан околу вратот. Обдукцијата веќе потврди дека 11-годишното момче починало како последица од брутално давење“, изјави обвинителот.

Алармот го кренала брачна двојка од соседството која веднаш повикала полиција откако ги слушнала очајните детски плачења.

За време на претресот во домовите на уапсените тинејџери, полицијата ја пронашла украдената опрема за риболов и личните работи на малиот Тео. Осомничените малолетници немале претходни досиеја, биле пријатели и оделе во исто училиште, а денеска треба да бидат изведени пред суд каде ќе им биде одреден притвор.

Exit mobile version