77-годишна српска државјанка е извлечена во несвест од морското подрачје во близина на Ханиоти на Халкидики, во општина Касандра, пренесе ЕРТ.

Според соопштението од Пристанишната управа на Неа Мудања, која утрово била известена за инцидентот, 77-годишната жена била пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар Касандра, каде што била констатирана смрт.

Второто пристанишно одделение на Неа Мудања при Централната пристанишна управа на Солун ја спроведува прелиминарната истрага, додека телото ќе биде префрлено во Институтот за судска медицина во Солун за обдукција.

Exit mobile version