Во 15.15 часот во текот на вчерашниот ден, во дворот на училиштето Петар Поп Арсов во Скопје, исчезна повозрасна жена, за семејството преку социјалните мрежи бара помош.

– „Изгубена е мајка ми. Изгледа како на сликава, со истите розови тренерки и блуза на црно бели пруги. Број за контакт 070/399-945“, стои во објавата на Фејсбук.

И денеска се споделува фотографија од скопјанката со апел за помош. Според новите податоци, жената се вика Лидија и има деменција. Последно била видена во Црниче, во Кисела Вода околу 21 часот синоќа.

Кој ќе ја забележи веднаш да се јави на полиција или на телефонскиот број.

Exit mobile version