Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се санира мостот на Маркова Река, инвестицијата е вредна 4,6 милиони денари

    Се санира мостот на Маркова Река, инвестицијата е вредна 4,6 милиони денари

    13.08.2026 во 17:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска извршиле увид во градежните работи на мостот на Маркова Река кој ЈПДП го санира со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на неговата конструкција. Мостот се наоѓа на регионалниот пат Р1106 во Кисела Вода, на влезот во Драчево.

    ЈПДП соопшти дека градежните активности течат забрзано и со темпо кое е приспособено на летниот период кога сообраќајот се одвива со намален интензитет, со цел да се минимизира застојот и влијанието врз учесниците во сообраќајот.

    Се санира горниот строј на мостот, при што ќе се изврши отстранување на постојните дилатациски фуги, сливници, асфалт, ограда и тротоари. Потоа ќе се постави нова бетонска плоча, хидроизолација на мостовската конструкција, асфалтирање, како и изградба на нови тротоари и поставување на нова ограда.

    Градежните работи ги изведува Друштвото за градежништво и проектирање „Синтек Инженеринг“ ДООЕЛ, село Бразда, додека надзорот го врши Друштвото за управување со проекти „ЕОС Е.Е.“ ДОО Скопје. Средствата за санацијата се обезбедени од буџетот на ЈПДП, во износ од 4.619.800 денари без ДДВ.

    Рокот за изведба на работите е во согласност со Договорот, а во консултација со изведувачот, завршувањето се очекува на почетокот на септември.

    -Јавното претпријатие за државни патишта, се грижи за безбедноста и одржувањето на повеќе од 1100 мостови на државните патишта на целата територија на државата. Следејќи ја состојбата на мостовите, повремено се создава потреба од одржување на горниот строј на мостовите, односно потреба од нивна промена заради пропаѓање на најлесно расипливите делови – дилатации, асфалт и другите негови елементи со цел зајакнување на нивната безбедност и сигурност на учесниците во сообраќајот, информира Јавното претпријатие за државни патишта.

    За време на изведувањето на работите, сообраќајот ќе се регулира со поставување светлосна сигнализација, при што возилата ќе се движат наизменично во една сообраќајна лента.

    Прочитај повеќе

    Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило

    23.10.2026 во 15:37

    Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си

    23.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.