Познатиот водител новинар и јавна личност доби син, со што семејството се збогати со нов член кој го носи името Лука.
Среќната вест ја сподели самиот тој преку социјалните мрежи, каде што јавно ѝ се заблагодари на својата сопруга Марта за најголемиот животен подарок. Во своето емотивно обраќање тој напиша:
– Денес добивме син.. Марта ти благодарам за најубавиот подарок што може еден маж да го добие.
Со објавата на насловот „Добредојде Лука Лазаров“, семејството прими бројни честитки и пораки со поддршка од пријателите, колегите и следбениците.

