Поп-ѕвездата Ријана го роди своето трето дете, девојче, кое го има со партнерот АСАП Роки, чие вистинско име е Рахим Мајерс.

Бебето го доби уметничкото име на нејзиниот татко.

Роки Ајриш Мајерс е родена на 13 септември, објави пејачката на Инстаграм, споделувајќи фотографија на која ја држи ќерка си во раце.

Двојката има и два сина, Раџот и РЗА. Обожавателите се радуваа на веста на социјалните мрежи, а објавата собра над седум милиони лајкови.

Пред неколку недели, пејачката родена во Барбадос, чие вистинско име е Робин Фенти, прослави 20 години од објавувањето на својот прв албум.

Leave A Reply

Exit mobile version