Се огласија од партијата на Палчо

 

Во соопштение за јавноста, политичката партија Десна чиј основач и претседател е Љупчо Палевски-Палчо изразува најдлабоко и најискрено за загубата на два човечки живота, младата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Во нивното соопштение стои:

„Во овој тежок момент и период, кога во Македонија за 7 дена се случија две убиства, во Велес и Скопје, се соочивме информации кои донесоа шок и неверување за нас.
Пред се, изразуваме најдлабоко и најискрено за загубата на два човечки живота, младата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На семејствата на жртвите им изразуваме најдлабоко сочувство за загубата на нивните најблиски.
Политичката Партија Десна, за своите членови и претседателот на партијата, доколку се докаже дека се виновни, бара да бидат најстрого казнети. Во меѓувреме апелираме да се почитува уставно загарантираната Презумција на невиност на осомничените и обвинетите, додека не се докаже спротивното.
Пред Обвинителството и органите на прогонот претстои тешка и деликатна задача во целост да ги разоткријат сите елементи на овие настани.
Заради тоа, ние членовите на партијата, им стоиме на располагање на органите на прогонот, со цел на расветлување на кривично правниот настан и изведување пред Судот на сторителите на овие грозоморни случаи.
П П Десна, согласно Статутот на партијата, ќе ги замрзне членството, функциите и активностите на обвинетите до крајот на процесот.
Уште еднаш изразуваме искрено жалење и сочуство до семејствата на Вања и Панче, објави „Десна“.
05.12.2023 - 15:58
Фото: 
ФБ Политичка партија „Десна“

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега