Се огласија од Обвинителството за актуелната ситуација на Евровизија: Нема индиции дека Андреа имала намера да го исмее знамето

Основното јавно обвинителство до овој момент нема отворено предмет за настанот кој ја разбранува македонската јавност, а кој се однесува на евровизиската претставничка Андреа Коевска која го фрли државното знаме на подот при фотографирањето синоќа во Торино, Италија.

„До овој момент нема индиции дека во настанот имало намера државното знаме да се изложи на подбив и исмејување“, велат од Обвинителството за Слободен печат.

Потсетуваме, евровизиската претставничка е цел на лавина критики откако вчера го фрли хартиеното мало знаме за време на фотосесија. Иако се работи за непромислен потег, повеќе експерти проценија дека сигурно тоа не го направила намерно или со умисла да ја понижи Македонија.

09.05.2022 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега