Се огласи Ѓоковиќ: Разочаран сум, дајте ми малку време да закрепнам - им благодарам на Србите

Тенисерот Новак Ѓоковиќ се огласи по одлуката да биде депортиран од Австралија.

-Сакам да дадам кратка изјава за да се осврнам на исходот од денешите рочишта во судт. Сега ќе земам малку време да се одморам и закрепнам, пред да дадам какви било коментари освен овој. Исклучително сум разочаран - порачал Ѓоковиќ, пренесува „The Age“ и додал:

-Непрјатно ми е што фокусот изминатите недели беше на мене и се надевам дека сите можеме да се фокусираме на играта и турнирот кој го сакам. Им посакувам на играчите, надлежните, вработените, волонтерите и навивачите сѐ најдобро на турнирот.

Не забораи и на поддршката која ја добиваше овие денови.

-На крајот сакам да му се заблагодарм на моето семејство, пријателите, тимот, навивачите и моите сограѓани Србите на континуираната поддршка. Ми бевте голем извор на сила - кажал Ѓоковиќ.

16.01.2022 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега