Се намалува бројот на хоспитализирани и пациенти на кислородна поддршка во велешката болница
Во велешката Општа болница денеска се хоспитализирани вкупно 61 пациент, а вчера 68.
Портпаролот на болницата д-р Весна Неделковска Николова истакна дека овие податоци значат дека бројот е во опаѓање последниве денови. На кислородна поддршка во текот на вчерашниот ден биле 25, а денеска се 20 пациенти.
Од денеска хоспитализираните 61 пациент, 51 се потврдени позитивни, четири сомнителни и шест пациенти со негативни тестови. Дваесет пациенти се на кислородна поддршка. На Инфективниот оддел се 50, на Физикална шест, на Интерно пет. На двете одделенија со Ковид пациенти на Инфективно и Физикално има слободни кревети за пациенти со Ковид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа