Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се излеа Вардар, паднати дрва, снег на патиштата – Возете внимателно на патиштата

    Се излеа Вардар, паднати дрва, снег на патиштата – Возете внимателно на патиштата

    18.02.2026 во 08:111 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поради излевање на реката Вардар од синоќа, воведена е забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 на делницата Гостивар – село Чегране, поточно низ село Форино. Сообраќајот се пренасочува преку село Старо Чајле кон село Форино. Патниот правец кон село Герман е непрооден кај село Станча поради паднато дрво, информира Авто Мото Сојуз на Македонија (АМСМ) во утринскиот билтен за состојбата на патиштата.

    На останатите државни патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози. Слаб снег провејува на делниците Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, кон граничниот премин Делчево, како и во Страцин и на Пониква, но засега не предизвикува пречки во сообраќајот.

    Интензитетот на сообраќај надвор од урбаните средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

    Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сигнализација и да управуваат внимателно, особено низ котлини, речни долини и клисури каде е можна појава на одрони. Посебна претпазливост се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

    Воедно, потсетуваат дека и понатаму е на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест

    23.09.2026 во 21:18

    И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки

    23.09.2026 во 19:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.