Серија претреси од претпладнево се одвиваат на повеќе локации во Скопје против мрежа поврзана со трговија со дрога, дознава Прес24 од полициски извори. Според се уште неофицијални информации, екипи на МВР упаднале на неколку локации во населбите Ѓорче Петров, Хром и Нерези барајќи докази за апсење на лица кои се поврзуваат со трговија со кокаин. Според првичните информации станува збор за сосема нова криминална група за која барем засега не може да се најдат докази дека била поврзана со оние кои се веќе познати во скопското подземје и против кои се водат серија судски процеси.
Информацијата дека во тек е полициска акција доцна попладнево ја потврди и МВР и обвинителството но без повеќе детали.
„ Во координација со предметен обвинител од ОЈО ГОКК, единици од МВР вршат претреси на повеќе локации низ Скопје, со оглед дека акцијата трае повеќе информации ќе споделиме во текот на утрешниот ден.“ – велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал
Актуелно
- Полицијата пронајде дрога кај малолетници од Скопје
- Илон Маск стана првиот човек со богатство над 800 милијарди долари
- МВР за Пресс24: Преземаме мерки во Скопје и Струмица со врска со опојна дрога
- Американската војска во акција: Извршени пет воздушни напади врз позиции на ИСИС во Сирија
- Светот пред нова нуклеарна трка: Истекува последниот договор меѓу САД и Русија
- „Никој нема да биде заборавен“: Украина се подготвува за враќање на стотици свои бранители
- Акција на полицијата во Струмица и струмичко – опсада за 5те тони марихуана
- Паѓаат бариерите во Техеран: Иранските жени по децении борба конечно се качуваат на мотори

