Close Menu
Press24
    Најново

    Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел

    28.10.2026 во 17:29

    Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо

    28.10.2026 во 17:12

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Знам не го предадоа само Груевски и своите бизнис интереси

    СДСМ: Знам не го предадоа само Груевски и своите бизнис интереси

    01.07.2026 во 09:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Две години Христијан Мицкоски ги лаже и ги понижува македонските земјоделци.  Нема пари, нема субвенции, нема откуп, нема грижа, македонското земјоделството е на колена поради кримналната власт, стои во соопштението на СДСМ.

    Интегрален текст:

    Државата им должи дури 70 милиони евра по различни основи, а субвенциите доцнат со месеци.

    Во екот на жетвата, земјоделците не знаат по која цена ќе ја продаваат пченицата. Откуп нема, откупувачи нема, а се шпекулира со понижувачка цена од само 10 денари за килограм.

    Сточарите се оставени сами на себе. Доцнат субвенциите, млекото нема сигурен пласман, а младите сточари сведочат дека две години не добиле ниту денар државна поддршка.

    Кога државата им должи 70 милиони евра на луѓето кои ја произведуваат храната, тоа е најдобар доказ дека економијата и буџетот се во сериозни проблеми, а Владата нема ниту план, ниту капацитет да ги сервисира своите обврски.

    Наместо решенија за помош на земјоделците Мицкоски избра театар со реконструкција.

    Сега нов министер од ЗНАМ кој ќе се вади дека му треба време а земјоделците треба да издржат до предвремени избори.

    Со оглед на тоа дека министерот е од распаднатата ЗНАМ знаеме колку се способни.

    Документите за Груевски на Филков му патуваа еден месец помежу две згради, земјоделците е чекаат од сезоана до сезона а нема ништо да добијат освен уште една тура лажни ветувања. 

    ЗНАМ ја предаде прво својата партија, па своите гласачи, па се предадоа меѓусебе и сега ќе ги предаде и земјоделците.

    Здружение за предавства – тоа е ЗНАМ која се распаѓа. Единствено не го предадоа сопствениот бизнис интерес и Никола Груевски.

    СДСМ бара Владата веднаш да ги исплати сите заостанати субвенции, да обезбеди фер и загарантирани откупни цени за стратешките земјоделски производи и итно да преземе мерки за заштита на домашното производство.

    Македонските земјоделци заслужуваат сигурност, почит и навремена поддршка, а не понижувања, неизвесност и долгови што ги создава неспособната власт.

    Just In Opinion
    Прочитај повеќе

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42

    Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

    28.10.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.