Close Menu
    Најново

    Прометот во индустријата зголемен за 3,4 проценти на годишно ниво

    15.10.2025 во 21:25

    Гаши-Фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

    15.10.2025 во 21:11

    Претседателката очекува мирни избори

    15.10.2025 во 20:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Прометот во индустријата зголемен за 3,4 проценти на годишно ниво
    • Гаши-Фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ
    • Претседателката очекува мирни избори
    • Украина без струја по руски напади
    • Ружински: Заборавениот бизнис инкубатор ќе го претвориме во модерен младински хаб, каде младите ќе создаваат бизниси и ќе ја градат својата иднина
    • Филипче од Гостивар: Со буџетска дупка од 1,4 милијарди евра, ВМРО-ДПМНЕ ја води Македонија во финансиски колапс
    • Висар Адеми и неговиот тим дадоа пет ветувања за Гостивар
    • Мицкоски: СДСМ кампањата ја темели на учителот на Венко, Зоран Заев кој само знае да си ги брани инвестициите во СДСМ, меѓу кои и онаа во Дубаи
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » СДСМ: ЗНАМ и Никола Мемов тргнаа во брутална црна кампања, им пречи и чистењето на ѓубрето

    СДСМ: ЗНАМ и Никола Мемов тргнаа во брутална црна кампања, им пречи и чистењето на ѓубрето

    13.10.2025 во 11:26
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во отсуство на идеи и визија, ЗНАМ и Никола Мемов тргнаа во брутална црна кампања – толку очајна, што дури и чистењето на ѓубрето им пречи, се наведува во соопштението од СДСМ.

    „ЗНАМ и Мемов сега ги напаѓаат акциите за чистење на депониите и уредување на јавниот простор во Центар, нешто што директно ги подобрува условите за живот на сите граѓани.

    Најновата лага од нивната кујна е дека чистењето на дивата депонија во Крњево и предвидените проекти таму не можеле да се реализираат. По барање на самите жители општината ја исчисти и таму ќе има игралишта, урбана опрема и зеленило.

    Мемов зборува за урбанизам, а не ги разбира основите. Општината реализира проекти според важечките ДУП-ови каде овој проект е предвиден и ќе се реализира. Во обид да се прикаже дека нешто откриле, Мемов и ЗНАМ демонстрираа врвно непознавање на процедурите и законите на локалната самоуправа. 

    Жално е што наместо да понуди конкретни решенија или проекти, Мемов се фати за прес-конференции полни со обвинувања и празни зборови, додека Центар се расчистува, уредува и се трансформира. Секој ден на терен работат екипи на општината и го чистат сметот кој дури не е надлежност на самата општина. Секој ден се гледаат резултатите и ова го боли ЗНАМ.
    Најлесно е да се напаѓа од страна а многу потешко е да се сработи. Герасимовски сработува, она што го ветил, тоа и го реализира.

    Граѓаните на Центар не се наивни. Тие гледаат кој стои зад вистинска работа и реални проекти, а кој се обидува да дојде до фотелја со клевети и манипулации„“, се вели во соопштението од СДСМ.

    Популарно

    Протекоа снимки од канцелариите во општина Кичево – градоначалникот Дехари во секс скандал пред избори

    15.10.2025 во 10:30

    СЗО и ЕУ планираат забрана на филтерски и електронски цигари

    15.10.2025 во 10:18

    Познато каква зима не чека – Метеоролозите најавуваат голем пресврт

    15.10.2025 во 16:01

    Хрватското МВР со важно известување: Македонците ќе мора да влегуваат во ЕУ преку посебно означени ленти (EES) на граничните премини

    15.10.2025 во 16:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.