Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош
    • Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државниот завод за статистика ја објави бројката што арамијата не ја црта на табла. Во август трошоците за земјоделско производство се зголемени 6,8 проценти.  

    А цените за производителите се намалени за нови 2,2 проценти. 

    Трошоците за горивото и енергијата се зголемени за 15,8. За машините плус 13,4. Транспортна опрема плус 19,6. 

    А зеленчук минус 6,4. Овошје и грозје минус 7,2. Производи од животинско потекло минус 7,7.

    Нивата поскапе. Откупот поевтини. Во продавница храната не падна како на нива туку се покачи, велат од СДСМ . 

    Разликата ја јаде синџирот. Земјоделецот ја плаќа двапати.

    Ова не падна од небо. Претседателот Филипче предупреди пред месеци што ќе донесе погрешната политика и намалување субвенции скратени околу 40 милиони евра. 

    Авансната исплата е укината. Зелената нафта доцни. Прагот за помош се качува. 

    Пиперката и грозјето се на понижувачки откуп. 

    Зелката од 25–30 денари падна на 6–8 денари. 

    Европските пари беа замрзнати откако оваа власт беше фатена какако краде од фондовите. Задругите се без поддршка. 

    Владата има 5,53 милиони за Гета и бизниси од 1,6 милиони да ја цепат опозицијата. 

    Авион за колената на Мицкоски. Дата-центар и антимон за провизија. 

    Ама за оној што ја рани држава – немаат ништо, статистика и молк.

    ВМРО-ОКГ не води земјоделство. Води плен. 

    Горивото го пуштија да поскапи до плафон, па дојдоа со половина мерка. Само дел од ДДВ и тоа доцна. Акцизата ја оставија. 

    Ние баравме мерки уште на самиот почеток: укинување на акцизата, намалување на ДДВ на 5% на енергенси, минимална 600 евра. 

    Не мрднаа. Сега нивата го плаќа нивниот луксуз.

    СДСМ е со земјоделците. 

    Редовна субвенција. Аванс. Зелена нафта на време. Фер откуп. Помош што стигнува до земјоделците навреме, нои до малиот, не само до големиот откупувач. 

    Без тоа оваа есен нема да има берба ниту сеидба туку пресметка на бандата врз грбот што произведува храна.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.