Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Земјоделците се оставени на раб на егзистенција, Владата скрати 40 милиони евра субвенции

    06.04.2026 во 10:12

    Скопјани пијат безбедна вода: Извршени 366 анализи на 39 мерни места

    06.04.2026 во 10:09

    ВМРО-ДПМНЕ: Го спречивме обидот на СДС и ДУИ за изградба на „бетонска џунгла“ во Тетово

    06.04.2026 во 10:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Земјоделците се оставени на раб на егзистенција, Владата скрати 40 милиони евра субвенции
    • Скопјани пијат безбедна вода: Извршени 366 анализи на 39 мерни места
    • ВМРО-ДПМНЕ: Го спречивме обидот на СДС и ДУИ за изградба на „бетонска џунгла“ во Тетово
    • Бидете подготвени доколку патувате во ЕУ: Од 10 април започнува дигиталната евиденција на границите
    • Дневен хороскоп: Дисциплина и сериозни одлуки – Што ги очекува знаците овој понеделник
    • СДСМ: Погрешните политики на Мицкоски оставија над 1.500 работници на улица
    • Денеска ќе нема струја до 15 часот – ЕВН најави исклучувања во неколку општини
    • Подгответе се за гужви: Денеска ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Земјоделците се оставени на раб на егзистенција, Владата скрати 40 милиони евра субвенции

    СДСМ: Земјоделците се оставени на раб на егзистенција, Владата скрати 40 милиони евра субвенции

    06.04.2026 во 10:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Аларманта е состојбата во земјоделието, земјоделците се оставени сами, на раб на егзистенција, велат од СДСМ.

    „Сточарите се соочуваат со ниски откупни цени на млекото, неисплатени или половично исплатени субвенции, додека трошоците постојано растат.

    Владата на Мицкоски скрати 40 милиони евра од субвенциите со што директно удри врз земјоделците.

    Истовремено, драстично ги намалија субвенциите: за тутунот од 100 на 80 денари по килограм, за кравите од 12.000 на 8.000 денари по грло, за пченицата од 18.000 на 13.000 денари по хектар .

    Воведени се нови рестриктивни услови – земјоделците мора да продадат најмалку 30% од производството кај регистрирани откупувачи, во спротивно не добиваат ниту денар субвенција. 

    Овој услов важи за лозарите, овоштарите и поледелците.

    Со зголемување на прагот од 3 на 5 декари, над 80% од малите земјоделци се практично исфрлени од системот за поддршка.

    Дополнително, укината е авансната исплата на субвенции, со која земјоделците добиваа 30% од средствата однапред, кога им беа најпотребни.

    Пред избори ги лажеа земјоделците дека ќе обезбедат поголеми субвенции а им ги намалија.

    Кризата и поскапувањето на нафтата предизвикаа нови проблеми, сериозен удар врз земјоделите и врз земјоделското производство.

    А владата на Мицкоски се уште ниту една таргетирана мерка за поддршка на земјоделците.

    Ова е вистинското, лажно лице на ВМРО-ОКГ и на Мицкоски“, стои во соопштението од СДСМ.

    Популарно

    СДСМ: Земјоделците се оставени на раб на егзистенција, Владата скрати 40 милиони евра субвенции

    06.04.2026 во 10:12

    Скопјани пијат безбедна вода: Извршени 366 анализи на 39 мерни места

    06.04.2026 во 10:09

    ВМРО-ДПМНЕ: Го спречивме обидот на СДС и ДУИ за изградба на „бетонска џунгла“ во Тетово

    06.04.2026 во 10:04

    Бидете подготвени доколку патувате во ЕУ: Од 10 април започнува дигиталната евиденција на границите

    06.04.2026 во 09:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.