Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Вучиќ води хибридна војна на Балканот а власта му помага

    СДСМ: Вучиќ води хибридна војна на Балканот а власта му помага

    29.08.2026 во 11:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ обвини дека српскиот претседател Александар Вучиќ води хибридна војна на Балканот, а премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот Иван Стоилковиќ, според партијата, се дел од политиката што ги спроведува интересите на Белград во земјава.

    Од СДСМ тврдат дека актуелната власт ја оддалечува Северна Македонија од европскиот пат и ја приближува кон политичките центри во Белград и Москва.

    Партијата оценува дека изјавите, политичките потези и јавните настапи на дел од владините претставници се дел од поширока стратегија за ширење влијание и поделби во регионот.

    „Вучиќ води хибридна војна на Балканот, а Мицкоски и Стоилковиќ се само извршители“, порачуваат од СДСМ, обвинувајќи ја Владата дека наместо европска интеграција, спроведува политика што ја носи државата во спротивна насока.

    Од опозициската партија посочуваат и на јавните настапи на Стоилковиќ и неговите позиции за регионални и историски прашања, оценувајќи дека тие не се во согласност со стратешките определби на државата за членство во Европската Унија.

    СДСМ бара од премиерот Мицкоски јасно да се изјасни дали се согласува со ставовите и постапките на својот коалициски партнер и дали Владата останува посветена на европскиот курс на земјата.

    Од партијата порачуваат дека Северна Македонија мора да остане цврсто на евроатлантскиот пат и дека институциите не смеат да бидат ставени во функција на туѓи политички и геостратешки интереси.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.