Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски за рудникот во Крива Паланка: „Појдете и прашајте ги луѓето“

    29.09.2026 во 10:44

    Орце го светна Камени Мост

    28.09.2026 во 09:24

    Возачи, внимавајте, наскоро македонската полиција ќе казнува за овој прекршок – Казната е 45 евра

    29.09.2026 во 10:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Швеѓаните сè помалку пушат цигари: Што стои зад промената на културата на пушење?
    • Петров: Платформата 12:05 има вербална поддршка од 90% од пратениците на СДСМ
    • Мерц: Русија не покажува интерес за сериозни мировни преговори за Украина
    • Почина маж од струмичко, со товарно возило излетал од патот
    • Цената на златото се врати над 4.150 долари
    • Петров: СДСМ мора да се промени
    • 2.000 војници во вежбата „Avenger Triad“: НАТО тестира координација со ВИ
    • Муцунски: Проширувањето на ЕУ е стратешка инвестиција во безбедноста и иднината на Европа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Во Скопје долго се чека за прскање против комарци

    СДСМ: Во Скопје долго се чека за прскање против комарци

    18.08.2026 во 09:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    35 потврдени случаи од западнонилска треска. 3 починати. 6 лица во критична состојба на интензивна нега. А во општина Кисела Вода, токму во Драчево, каде што е прогласена епидемија – организираат кино на отворено, пишува во соопштението на СДСМ.

    -Потполн аматеризам и непрофесионализам во водењето на епидемијата од страна на Мицкоски и Клековски. Истата шема како и со водата во Гостивар: нема навремена превенција, нема систем, нема одговорност,  само импровизации и пропаганда. Додека другите земји уште од пролет систематски прскаат против ларви, ставаат стапици и чистат легла на комарци, кај нас се чека да почнат да умираат луѓе. Во земјите на Европската Унија се реагира уште при првите позитивни наоди од комарци, а не откако ќе има починати. Додека другите земји уште од пролет прскаат, ставаат стапици, чистат легла и информираат граѓани, кај нас се чека да почнат да умираат луѓе, па потоа се држат прес-конференции. А сега, наместо да се засилат мерките, се организираат настани на отворено во епидемиско подрачје, велат од СДСМ.

    Велат, во Скопје долго се чека за прскање против комарци. Само од најавата за прскањето поминаа 6 дена, и тоа сега, во време на епидемија. Да нема епидемија, веројатно немаше ни да прскаат. 

    -До вчера градоначалникот се занимаваше со билбордот, кој на крајот заврши со коњ со пет нозе. Денес е јасно кој сè ја води оваа држава и каков е капацитетот на овие луѓе на функциите. Ова не е водење на здравствена криза туку потполн колапс на институциите и елементарен недостаток на сериозност. Граѓаните плаќаат со здравјето и со своите животи. Доколку оваа криминална организација ВМРО и Мицкоски ја водеа државата во големи светски економски и епидемиолошки кризи, на сите ни е јасно како би изгледало тоа. Подобро и да не помислуваме, велат од опозицијата.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Петров: СДСМ мора да се промени

    29.09.2026 во 22:06

    Мицкоски: Стојанчо Радичевски ја познава Брвеница и потребите на граѓаните

    29.09.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.