Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Експлозија на шведски воен полигон: Неколку повредени
    • Голема меѓународна акција: Спасени 147 деца жртви на сексуална експлоатација
    • Земјотреси ја потресоа Грција: Регистрирани два посилни потреси
    • МВР со акција на терен: Уапсени 14 возачи и сослушани двајца малолетници
    • Во Штип ќе се јаде пастрмајлија за 250 денари
    • Три училишта во Битола добиваат спортски сали
    • Тачи: Ова е неправда ама останете мирни
    • Вадете ги јакните: Идната недела доаѓа вистинската есен
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Во Гостивар уште 4.000 пациенти, а ВМРО-ОКГ вели дека СДСМ шири дезинформации

    СДСМ: Во Гостивар уште 4.000 пациенти, а ВМРО-ОКГ вели дека СДСМ шири дезинформации

    26.07.2026 во 11:253 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тешката здравствена состојба во Гостивар со речиси четири илјади пациенти за само неколку дена претставува реална криза, а не ширење дезинформации, обвинуваат од опозициската СДСМ. Според реакцијата на партијата, тврдењата на владејачката партија дека опозицијата сее паника се целосно неосновани во услови кога болничките капацитети се преполни, а водата од водоводот е прогласена за небезбедна дури и за техничка употреба. Од СДСМ соопштуваат дека институциите на власта реагирале со задоцнување бидејќи алармните системи за предупредување затаиле во клучните моменти.

    Како што посочуваат од опозицискиот табор, наместо преземање политичка и морална одговорност, надлежните функционери се обидуваат вината да ја префрлат на друг. Од партијата подвлекуваат дека во земјите од Европската Унија ваков здравствен инцидент веднаш би резултирал со истраги и кривични пријави од страна на обвинителството.

    Од СДСМ преку официјално соопштение изнесоа остри критики за справувањето со епидемијата:

    „ВМРО-ОКГ деновиве тврди дека СДСМ шири дезинформации и паника за водата, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Во Гостивар ситуацијата е катастрофална. За само неколку денови има речиси 4.000 пациенти. Болницата е преполна. Водата сè уште не е безбедна ниту за техничка употреба. Ова е „дезинформација“? Додека граѓаните стојат во редови за флаширана вода и полнат болнички ходници, ВМРО-ОКГ се занимава со обвинувања за паника. Реалноста е јасна: Илјадници заболени. Вода што не смее да се користи ниту за миење. А тие сè уште зборуваат за „дезинформации“.“

    Во продолжение од партиското соопштение, СДСМ директно ги прозива премиерот и ресорниот министер за здравство за изостанокот на навремена реакција:

    „Граѓаните во Гостивар не паничат. Тие се разболеа затоа што „црвените светла“ на Мицкоски и Клековски се вклучија предоцна. Толку правдања и префрлувања, а „црвеното светло” на Мицкоски и Клековски сè уште не работи Деновиве организираната криминална група ВМРО ги убедува граѓаните дека за труењето на Македонија е виновен некој друг. Сè додека министерот за здравство Клековски конечно не призна дека не реагирале навреме – затоа што не го виделе алармот. И повторно: никој од Министерството, никој од институциите не превзема одговорност. Ете како оваа организирана криминална група ВМРО се однесува кон граѓаните на Македонија. Никој не им е важен. Сами си се доволни.“

    Од опозициската партија подвлекуваат дека отсуството на институционална разврска го покажало вистинското лице на домашниот правосуден систем:

    „Ова е уште еден показател зошто ВМРО-ОКГ, а пред сè Мицкоски, не сака во Европска унија. Да се случеше ова во некоја земја-членка на ЕУ, сите веќе би биле пред обвинител да даваат изјави. И веќе би имале кривични пријави. Кај нас, за жал, правосудството е приватизирано. Тоа е во сопственост на Мицкоски и работи исклучиво на негов повик – од собраниската говорница, преку медиумите или по телефон. Граѓаните се трујат. А одговорност никој не презема.“

    Прочитај повеќе

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07

    Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа

    18.09.2026 во 13:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.