Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: ВМРО сака да не сруши преку Шилегов

    СДСМ: ВМРО сака да не сруши преку Шилегов

    21.01.2026 во 21:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Обидите на ВМРО за рушење на СДСМ одвнатре продолжуваат преку Петре Шилегов. Тоа веќе на сите им е јасно. Не се знае само дали Шилегов е уценет или купен? , прашуваат вечерва од СДСМ.

    Имајќи ги предвид неговите склоности, пороци, приватните слабости и долгови, предавството на Шилегов на сопствената партија и на членовите на СДСМ е очекувано. 

    Како што впрочем најави и претседателот Филипче. 

    Сè е договорено, координирано и синхронизирано со ВМРО, нивните кујни и медиумскиот октопод Алфа-Алта. 

    Шилегов вечерва користеше иста реторика од прес конференциите и соопштенијата на ВМРО, дека сме биле „изолирана партија“ (термин на Мицкоски) која „седела со Груевски“.  Зошто? За да го спаси Мицкоски од обвинувањата дека е криминалец!

    Оваа специјална операција на ВМРО трае веќе неколку недели, секојдневно.

    Жестоко удираат по СДСМ: Геро, Ивона, Бетмен, Наум, квислингот Деспотовски и на крај Шилегов. Сите ги командува еден центар: ВМРО. Целта е рушење на СДСМ.

    Разоткриени се. А за тоа како функционира оваа спрега, заедно со Шилегов, се покажа вечерва.

    Објавите на порталите од кујните на ВМРО одеа во живо, додека трае емисијата, не чекаа ниту минути, мораше навредите на Шилегов за претседателот Филипче веднаш да се објават.

    Дури Героски гостува и на поткаст, веднаш по завршувањето на емисијата. Минатиот пат ги координираше текстовите на Деспотовски.

    Нема веќе некој што не го гледа ова.

    Сè поради откривањето на криминалните тендери на власта и медиумскиот октопод Алфа-Алта.

    Пораката на СДСМ до сите вас е јасна и силна: обидите за уривање нема да успеат, нема да застанеме, правдата ќе победи.

    Ќе се избориме со сите напади. СДСМ од ова излегува само посилен.

    Нема неколку вакви слаби обиди да нè поколебаат во нашата борба за слободна и демократска Македонија.

    Во оваа борба не сме сами – ќе ја водиме заедно со сите граѓани на Македонија кои сакаат подобра и посветла иднина за себе и за своите деца.

    Македонија се враќа во времето на Груевски и Мијалков, но знаеме дека по мракот секогаш доаѓа сонце!

    Нема да се предадеме!

    Борбата за слободна, демократска и европска Македонија започна!, реагираат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.