Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси
    • Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година
    • Македонското обвинителство ја зајакнува соработката со Словенечката развојна академија: Акцент на финансиски истраги и ЕУ-реформи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: ВМРО ги лаже граѓаните за европските пари

    СДСМ: ВМРО ги лаже граѓаните за европските пари

    01.06.2026 во 17:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Организираната криминална група ВМРО денеска повторно се обидува да ги излаже граѓаните. 

    Тврдат дека Европската комисија „ги демантирала“ лагите на претседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче затоа што на Македонија ѝ доделила 65,7 милиони евра – најмногу во регионот.

    Еве ја вистината:

    Прво.

    ЕУ ослободи само 65,7 милиони евра за спроведените реформи во Македонија.  А вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – декември 2025 изнесува 134,87 милиони евра. Плус уште 65 милиони евра неповлечени средства поради нереализирани реформи за претходниот период, вела т од СДСМ.

    Тоа се над 200 милиони евра изгубени поради „реформите“ на Мицкоски.

    Ова не е успех туку дебакл.

    Второ. 

    Овие пари НЕ СЕ заради целосно исполнување на Реформската агенда туку се само мал дел од планот за раст и се доделени за конкретни сектори:

    Северна Македонија: 65,7 милиони € – за образование и дигитализација

    Албанија: 49 милиони € (за бизнис околина и иновации)

    Црна Гора: 44,2 милиони € (за бизнис околина и иновации)

    Не се споредуваат со исполнување на целата Реформска агенда. Тоа е целосна манипулација.

    Која е реалноста?

    Црна Гора е на чекор до потпишување на пристапниот договор.

    Албанија е многу блиску до целосно исполнување.

    Македонија стои во место.

    Зошто?

    Затоа што Мицкоски и криминална група ВМРО НЕ САКААТ ЕУ, за да крадат пари преку тендери, не сакаат еврпско обвинителство и судство затоа што знаат дека ќе одговараат.

    Затоа не сакаат да ги внесат малцинствата во Уставот – единствениот клучен услов за продолжување на преговорите со ЕУ.

    Рокот што Мицкоски го постави 1 јуни – истече.

    Реформската агенда не е исполнета.

    Уште една лага. Уште едно неисполнето ветување.

    Граѓаните не се слепи. 

    Граѓанире не сакаат да ја плаќаат цената за криминалната група на Мицкоски.

    Распишете референдум веднаш!

    Граѓаните сами нека одлучат дали сакаат европска иднина или изолација и криминал.

    Реформи сега. Европа сега, додаваат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.