Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: ВМРО е во паника затоа што веќе загуби 150.000 гласови

    СДСМ: ВМРО е во паника затоа што веќе загуби 150.000 гласови

    29.06.2026 во 18:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Антонио Милошоски денес панично го обвинува СДСМ, сакајќи да создаде алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ, чиј рок веќе истече, велат од СДСМ.

    „Милошевски кој денес го обвинува претседателот на СДСМ, не би можел воопшто да одржи прес конференција на тема Изборен законик, доколку беше донесен законот за двојно државјанство – кој панично го повлекоа од процедура за да не останат без министри во Владата ниту без пратеници во Собранието.

    Човек со бугарско државјанство нема легитимитет да одлучува за изборните правила на македонската држава.

    Она што денес го гледаме е паника во редовите на ВМРО.

    Тие брзаат да го донесат законот затоа што нема пари во буџетот, економијата е во колапс, а веќе нема пари ниту за пензии. Затоа им се брза на предвремени избори.

    Со реформската агенда не направија ништо. Мицкоски лично вети дека сè од реформите ќе биде завршено до 1 Јуни.

    Како изгледаат нивните „реформи“, јасно покажува фактот дека реформскиот закон за Судски совет, Европа го врати на повторно реформирање.

    Така изгледаат реформите кога ги спроведува организирана криминална група.

    Сега, за неисполнувањето на обврските кон ЕУ, повторно бараат алиби кај опозицијата поточно кај СДСМ, како единствена вистинска опозиција.

    За да им биде јасно на граѓаните каков е овој предлог на Изборен закон,  СДСМ уште денес ќе поднесе амамдмани кон текстот на истиот.

    Сè што прави ВМРО-ОКГ е криминал, па така и овој закон.

    ВМРО е во паника затоа што веќе загуби 150.000 гласови, рејтингот на Мицкоски е целосно урнат поради секојдневните лаги, пари нема, па единственото што им преостанува е да ги забрзаат предвремените избори.

    Законот за техничка влада го укинаа на сила, без консензус. Сега го прават истото и со Изборниот законик.

    Наместо да ги решаваат најважните точки од реформската агенда, повторно прават претстава.

    Сè е еден голем театар со веќе познати глумци и нивните сателити“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.