СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и неодговорниот Мицкоски беа казнети од граѓаните и затоа што се опасни за здравјето

ВМРО-ДПМНЕ и неодговорниот Христијан Мицкоски на дело ја покажаа нивната негрижа за здравјето на граѓаните и целосно несериозниот однос кон справувањето со коронавирусот, стои реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Граѓаните тоа го видоа, и затоа ВМРО-ДПМНЕ беше казнета на изборите што се одржаа минатата недела.
Сите бевме сведоци на нивното неодговорно и опасно однесување во текот на изборната кампања, во која директно ги кршеа Протоколите за заштита на јавното здравје и не ги почитуваа мерките за заштита.
Организираа собири, не држеа дистанца, не носеа заштитни маски и сето тоа под директно покровителство на Мицкоски.  
Мицкоски беше главен промотор на непочитувањето на мерките за заштита од коронавирусот.
Наместо да има важна улога во заштитата на јавното здравје, тој одеше по теретани и кафеани кога тоа беше забрането и со тоа испрати јасна порака до граѓаните дека нема потреба да се почитуваат мерките за заштита.
Во ова време кога здравствениот систем успешно се носи со предизвиците што ги наметна здравствената криза, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе останат запаметени единствено по нивното неодговорно однесување, но и по обидите со лажни вести да предизвикаат паника кај граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2020 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега