Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Власта планира купување нов авион додека 200 илјади работници преживуваат со плати под 30.000 денари

    СДСМ: Власта планира купување нов авион додека 200 илјади работници преживуваат со плати под 30.000 денари

    10.02.2026 во 10:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Додека над 200 илјади работници едвај врзуваат крај со крај со плати под 30.000 денари, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата на Мицкоски планира купување нов авион, велат од СДСМ.

    „За зголемување на минималната плата и за поддршка на приватните компании, како што велат, се потребни околу 200 милиони евра.

    „Пари во буџетот има само владата треба да се откаже од луксузот и парите да ги пренамени за работниците.

    Со решението на СДСМ, преку ребаланс на Буџетот и кратење на луксузот на власта, службени возила, мебел, патувања, кабинети, се обезбедуваат 200 милиони евра за минимална плата од 600 евра и поддршка на приватните компании без да им се загрози ликвидноста.

    Но Власта го избра својот луксуз наместо егзистенцијата на работниците и не го прифаќа ова јасно и одржливо решение.

    Груевски купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра со пари на граѓаните.

    Мицкоски носи часовници вредни над 60 илјади евра, или 150 минимални плати, и сега сака авион од стотици милиони евра“.

    Според СДСМ, нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа што Владата планира купување нов авион за Мицкоски, за нови туристички патувања, како она во Давос“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.