Close Menu
Press24
    Најново

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Владата се фали со статистика додека граѓаните имаат поскап живот и ниски плати

    СДСМ: Владата се фали со статистика додека граѓаните имаат поскап живот и ниски плати

    10.07.2026 во 10:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Христијан Мицкоски се фали дека Македонија имала најниска инфлација во регионот.  Но граѓаните не живеат од статистички извештаи, туку од платите и од тоа што можат да си го купат во маркетите со тие плати, наведува СДСМ во соопштение.

    -Инфлацијата можеби е намалена, но потрошувачката кошница и понатаму тешко се стига. И во овој момент инфлацијата е далеку повисока од тоа што Мицкоски го ветуваше во владината програма и во буџетот за 2026 година.  Цените на основните производи останаа високи, а платите се меѓу најниските во Европа.  Минималната плата во Македонија е далеку под нивото на соседните земји, а просечната плата не е доволна за нормален живот. Уште поалармантно е тоа што странските инвестиции се намалени за над 60% во однос на периодот пред доаѓањето на оваа Влада.  Наместо развој и нови работни места, имаме економска стагнација и бегство на капитал, велат од опозицијата.

    Според СДСМ, Мицкоски сака да зборува за „економски успеси“, но реалноста е сосема поинаква. 

    -Македонија под негово раководство стана трета економија на празни фрижидери – земја во која се фалат со бројки, а граѓаните се борат да преживеат. Додека криминална група ВМРО се занимава со пропаганда и селективни статистички податоци, луѓето се соочуваат со се поскап живот, ниски плати и несигурна иднина.  Ова не е успех. Ова е систематско влошување на економската и социјалната состојба кое се обидуваат да го прикријат со празни фрази. Граѓаните не јадат инфлација. Тие го јадат она што можат да си го дозволат. А во моментов, тоа е се помалку, додаваат од СДСМ во соопштението за јавност.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.