Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Владата на Мицкоски наместо кон интеграција земјата ја води во изолација

    СДСМ: Владата на Мицкоски наместо кон интеграција земјата ја води во изолација

    13.01.2026 во 09:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Актуелната влада на премиерот Мицкоски наместо кон интеграција земјата ја води во изолација, велат од СДСМ.

    „Наблизок соработник на Мицкоски и вицепремиер во неговата Влада е Иван Стоилковиќ, чии отворени проруски ставови и директни врски со Москва се сериозна закана за евроатланската ориентација на земјата.

    Пред само неколку дена, вицепремиерот Иван Стоилковиќ присуствуваше на прославата на Денот на Република Српска заедно со групата „Ноќни волци“  познати по поддршката на Путин и ширењето анти-западни наративи.  

    Уште полошо од ова е што и самиот премиер Мицкоски, и покрај јавните изјави за стратешка соработка со САД и ЕУ интеграција, со своите постапки и блиски врски со Вучиќ и СНС, прави сѐ спротивно, водејќи ја Македонија кон изолација.

    Реформите за ЕУ намерно се избегнуваат, намерно се создаваат конфликти со соседите, се измислуваат причини за да се блокираат преговори. Се е смислено сценарио, дел од една анти – ЕУ кампања за власта да продолжи пљачката на државата. 

    Според најновите истражувања од 2025 година, дури 70% од граѓаните на Северна Македонија поддржуваат пристапување кон ЕУ, а 77% го гледаат членството во НАТО како позитивно.

    Ова покажува дека политиката на изолација на Мицкоски оди против волјата на народот, водејќи ја земјата кон економска и политичка маргинализација“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.