Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во близина на минхенскиот аеродром забележана дива мачка за која се сомнева дека е пума
    • Разбиен синџир за шверц со мачки – Украдени илјадници миленици за месо во Виетнам
    • Најстудено вечерва во Берово – Погледнете ги измерените температури во 23 часот
    • СЗО бара официјални информации од Русија: Истрага за смртта на научничка во Иркутск по сомневањата за белодробна чума
    • Во петок можни се пречки во мрежите и ГПС – се очекува умерена геомагнетна бура од категорија G2
    • Инцидент во рудникот „Трепча“: 63 рудари останаа заглавени под земја
    • Танкер погоден од повеќе ракети во близина на Катар – има жртви
    • Татко случајно ја усмрти тригодишната ќерка со земјоделска машина во сопствениот двор – Трагедија во Албанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Виновниците за трагедијата во Кочани излегуваат на слобода – така изгледа правдата со Мицкоски

    СДСМ: Виновниците за трагедијата во Кочани излегуваат на слобода – така изгледа правдата со Мицкоски

    11.09.2026 во 10:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Газда Деко и речиси сите обвинети за „Пулс“ се на слобода, велат од СДСМ.

    „Родителите порачаа дека правдата не смее да истече.

    А што прави власта на Мицкоски?

    Две и пол години ја контролираат полицијата.

    Две и пол години ги контролираат обвинителствата.

    Две и пол години ги контролираат судовите.

    И каков е резултатот?

    Виновниците за трагедијата во Кочани, во која загинаа 63 млади животи а 193 беа повредени, излегуваат на слобода.

    Ова е контролирано судство што ги штити своите, а жртвите и нивните семејства ги остава без одговор, без правда.

    Како што Мицкоски рече дека ќе се повлече од политиката ако се докаже дека обезбедувањето во Пулс има врска со ВМРО, така и сè што ветил и кажал е лага.

    Човек кој кога ќе прозбори – лаже.

    Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот обвинител и испраќа закани, родителите на загинатите во Кочани повторно гледаат како правдата се топи.

    Го ослободуваат Латас.

    Го ослободуваат Груевски.

    Си го враќаат имотот стекнат преку криминал.

    Ги ослободуваат одговорност телохранителите кои тепаат жени.

    Ги ослободуваат од одговорност царината и полицијата за 5 тони дрога.

    Ги ослободуваат градоначалниците…

    Така изгледа правдата со Мицкоски.

    СДСМ стои со семејствата на жртвите.

    Бараме целосна и неселективна одговорност.

    Бараме правда што нема да истече.

    Под оваа власт, правдата е заробена.

    Под оваа власт, виновниците шетаат слободно.

    Под оваа власт, жртвите остануваат без одговори.

    До кога?“, прашуваат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Новата платформа на поранешни функционери е проект на Мицкоски за раситнување на опозицијата

    07.10.2026 во 22:29

    Меџити потпиша Меморандум за соработка со училиштето „Иднина“: Обезбеден превоз и услови за учениците до изградбата на новиот објект

    07.10.2026 во 21:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.