СДСМ вечер одржува седница на Централниот одбор - познато за што ќе се дебатира

Вечерва со почеток во 19.30 часот, ќе се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ, информираат од партијата.

„На седницата претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ќе информира за посетата на САД, пораките и поддршката од нашите стратешки партнери за земјава, а ќе се разговара и за повеќе актуелни теми со фокус на реформите важни за продолжување на европскиот пат на државата.

Потсетуваме дека седниците на Централниот одбор се работни“, стои во писменото соопштение испратено до медиумите. Тимот на Прес24 ќе ја следи седницата, па за заклучоците ќе известиме веднаш по завршувањето на средбата.  

18.05.2023 - 16:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега